Синергијата ги дава првите резултати – Stellantis со рекордни полугодишни перформанси

ОБЈАВЕНО НА:

Не помина ниту една година од официјалното спојување на FCA Automobili и PSA Group, а веќе овие две компании споени во Stellantis ги уживаат првите придобивки од спојувањето.

Во првите шест месеци од годинава оваа компанија оствари нето приход ид 75,3 милијарди евра што претставува пораст од 46% споредбено со нето приходот на FCA и PSA во првите шест месеци минатата година. При тоа оперативниот приход изнесува 8,6 милијарди евра, а маржата се движи од 10 до 16%.

Одлични перформанси се остварени на европскиот континент кој покажа знаци на закрепнување во однос на минатата година. Во 30-те земји од Европската Унија, Stellantis го зголеми уделот на 23,1% што го прави втор производител по Volkswagen.

Лидер е во Јужна Америка со удел од 23,6% и значителен пораст на продажбата на Fiat. Уделот на Блискиот Исток и Африка изнесува солидни 11,9%. Во САД пак, забележана е рекордна профитабилност, а најзаслужни за тоа се RAM и Jeep.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK