Шведска стана уште една држава, која официјално објави дека планира да ја забрани продажбата на бензин и дизел возила како дел од ангажманите според парискиот договор за климата и борбата со глобалното затоплување. Последното возило со ДВГ во скандинавската земја ќе биде купена во 2030 година.
Со решението, Шведска станува десеттата држава во светот која посочува конкретен датум за забрана на бензин и дизел превозните средства. Во соседна Норвешка, каде половина од продадеите автомобили во минатата година биле еколошки чисти, тоа ќе се случи пет години порано.
Во 2030 година, од моторите со внатрешно согорување треба да се откажат и Данска, Израел, Ирска, Исланд, Холандија и Франција. Слични рокови имаа определено и Индија и светскиот лидер по продажби на електромобили, Кина.