Дали често погледнувате со која брзина го управувате вашиот автомобил? На многу од мерачите за брзина на местата каде е означено 30 и 50 км/ч има црвени линии, додека сите други се со бела боја. Многу често во црвено е и линијата која означува брзина од 120 км/ч. Знаете ли зошто е тоа така?
Различните форуми има информации дека на овој начин производителот му помата на возачот да ги менува брзините, но тоа не е точно. Тоа го потврдува фактот дека таквите црвени ознаки постојат и на автомобилите со автоматски менувачи.
Црвените линии ги красат брзините на оние модели кои се ориентирани кон купувачи во Европа. Овие линии ги потсетуваат жителите на западните земји за максималната брзина за движење во населени места. Во повеќето градови во Европа максималната брзина низ градовите е 50 км/ч, додека во погусти населби со помали улици границата е 30 км/ч.
На автопатите во повеќето европски држави брзината е ограничена на 120 км/ч. Поради тоа линијата на мерачот на брзина е украсена со црвена боја. На тој начи ги потсетуваат возачите колку е максималната дозволена брзина.
Друго е прашањето, дали на Европејците им се потредбни вакви потсетници бидејќи тие строго ги почитуваат законите за патничкиот сообраќај. Сепак, такви линии се секако потребни во Македонија бидејќи голем дел од возачите не ги почитуваат ограничувањата на брзините.