Голем дел од лицата кои се нарекуваат себеси јутјубери често ставаат видеа на кои вршат одредени експерименти, па таков има и на каналот Master Milo. Во едно од низата видеа тој одлучил да објави што се случува ако го возите автомобилот без амортизери.
Затоа купил Ford Focus во издание на караван и тоа од првата генерација.
Откако го испуштил маслото од амортизерите, почнал да вози по нерамен терен. Според очекувањата автомобилот скокал на патот како брод на бура.
Во еден период и убаво се држел на патот, но на крајот предницата пропаднала. Како изгледаше овој експеримент, можете да погледнете во видеото во продолжение.