Сите производители темелно го планираат идниот период, и точно знаат што ќе следува во нивната понуда, на кратки и средни патеки. Циклусот на еден автомобил подразбира нов модел и освежување. А кога имате во понудата повеќе модели тогаш се тоа треба добро да се испланиран.
Peugeot од 2013 година и лансирањето на втората генерација на 308 имаше одлични резултати поради водечките производи како што е доаѓањето на Peugeot 3008 во 2016 година, или новите генерации на Peugeot 208 и 2008. Сега со 308 почнува новиот циклус, ќе има нови производи.
Ако крајот на 2021 година биде прилично мирен во Peugeot, тогаш 2022 ќе биде богата, без да биде година на големи лансирања како што беше случајот во 2021 или дури 2020 година.
В година Peugeot планира три освежувања, со 508 во седан и во караван верзија, потоа Rifter / Partner и Boxer. Треба да се појави и нов модел, во вид на Peugeot 308 SUV, многу модерен сегмент во моментот.
Следната голема година за Peugeot ќе биде во 2023 година, со вистинска лавина од нови производи. Peugeot 208 и 2008 ќе бидат рестилизирани, додека 3008 и 5008 ќе имаат право на нова генерација и во исто време ќе ја претстават STLA Medium платформата на групацијата Stellantis, секако електро-компатибилна платформа. И како надополнување, Peugeot исто така оваа година треба да го претстави e-308, 100% електрична верзија на компактниот модел.
Годините 2024 и 2025 би можеле да бидат помирни, со лансирање на нов модел во А сегментот, и кој би можел да се нарече e-1008. Во исто време, Peugeot 308 треба да има право на освежување во средината на животниот век. Во 2026 година, Peugeot ќе ги обнови своите 208 и 2008 кои исто така ќе имаат право на нова платформа, STLA Small.