Што се би поседувале заедно PSA и FCA доколку успешно се спојат?

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанско-американскиот производител FCA и францускиот PSA потврдија дека во моментов се водат интензивни преговори за спојување во една голема групација. Некои аналитичари веќе наведоа дека спојувањето ќе значи “раѓање” на најголемиот светски производител, а истото е од интерес на двете компании.

Но што се заедно би поседувале овие две компании доколку успешно се спојат?

Најпрво FCA-PSA ќе располага со голем удел во градските автомобили поседувајќи ги брендовите Fiat и Opel како и Lancia во Италија која наскоро би можела да се врати на старите патеки токму со реализацијата на ова спојување.

Во портфолиото на групацијата би се нашле и брендовите Opel, Alfa Romeo, Peugeot како и DS, Vauxhall, Chrysler, Dodge, Jeep, Ram, Maserati и Abarth.

Заедно би ги поседувале и фабриките за компоненти Comau, Teksid, Faurencia, GEFCO, ACDelco како и бројни фабрики во Кина, Бразил, Мексико, Чешка, Италија, САД, Франција, Шпанија…

Со ефектот на синергија овие две компани сигурно ќе ги подобрат производствените и финансиските перформанси, преку огромно намалување на одредени маргинални трошоци, особено за истражување и развој.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK