Што најмногу се пребарува во Македонија на интернет, а што е најпопуларно на Балканот

ОБЈАВЕНО НА:

Македонија традиционално важи за земја на VW, кога станува збор за автомобилите. Но, што всушност се пребарува на интернет. Mercedes е најпребаруван бренд на интернет во Македонија, пренесува интернет сајтот wheels24.

Интересно е што најпопуларен брен на Балканот не е Volkswagen туку BMW. Овој бренд е најпребарувн во Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.

Во Словенија и Грција како и во Македонија, најпребаруван бренд е Mercedes, во Хрватска, Hyundai додека пак во Албанија тоа е Ferrari. Албанија е единствена земја во Европа и светот каде овој луксузен италијански бренд е најпопуларен однсоно најпребаруван.

Во останатите европски земји ситуацијата не е поразлична. Volkswagen е најпребаруван во Шпанија, Андора, Италија, Франција, Финска, Литванија, Латвија и Сан Марино.

Во Португалија, Велика Британија и Германија најпопуларен е Mercedes.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK