ШТО ЌЕ ВОЗИМЕ! ЕУ ќе забрани извоз на половни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Европската комисија го претстави предлогот за нова регулатива која, доколку биде усвоена, ќе забрани продажба на стари, дотраени автомобили надвор од ЕУ. Овие возила ќе треба да се рециклираат, што ќе придонесе за намалување на несигурноста на патиштата и загадувањето на животната средина во земјите кои не се членки на ЕУ.

Најмалку 25% од пластиката во новите автомобили ќе треба да дојде од рециклирање, а од тоа најмалку 25% мора да се рециклираат од возила на крајот на животот.

Европската комисија предложи регулатива со која би се замениле постоечките директиви за отпадни возила, за можностите за нивно ново користење и рециклирање. Комисијата тврди дека новите регулативи ќе доведат до годишно намалување на емисиите на CO2 од 12,3 милиони тони до 2035 година, подобра валоризација на 5,4 милиони тони материјали и зголемена повторна употреба на клучните суровини.

Според нив, имплементацијата на регулативата ќе доведе до долгорочни заштеди на енергија во производствената фаза, намалување на зависноста од увезени суровини и промоција на одржливи и кружни деловни модели.

– Во наредните години на пазарот ќе излегуваат се повеќе автомобили со нула емисија на штетни гасови. Ова ќе ја зголеми побарувачката за вредни примарни материјали. Новите предлози ќе обезбедат рециклирање и повторна употреба на што е можно повеќе од овие материјали, што ќе овозможи нов живот на компонентите на нашите автомобили и значително ќе го намали еколошкиот отпечаток на патниот сообраќај – рече извршниот потпретседател на Комисијата Франс Тимерманс. одговорен за Европскиот зелен план.

Поголема безбедност на патиштата
Покрај економските, еколошките и социјалните придобивки за ЕУ, регулативата ќе придонесе и за поголема безбедност на патиштата. Се предлага да се забрани извозот на автомобили на крајот на животот од земјите на ЕУ во земјите кои не се членки. Ова автоматски ќе го намали загадувањето во земјите кои увезуваат вакви автомобили.

Инаку, секоја година повеќе од шест милиони возила го завршуваат работниот век во Европа.

Автомобилската индустрија ќе стане најголемиот потрошувач на клучни суровини што се користат во постојаните магнети за е-мотори во Европа. Затоа, зајакнувањето на отпорноста на ЕУ на прекини во синџирот на снабдување и намалувањето на нејзината зависност од увозот на овие суровини е клучно за транзицијата кон возила со нулта емисија.

Според предложената нова регулатива, производителите на автомобили ќе треба да дадат јасни и детални упатства за расклопување на возилата. Тие, исто така, ќе треба да наведат како да се заменат и отстрануваат деловите и компонентите за време на користењето на автомобилот, и како на крајот од животниот век на возилото.

Најмалку 25% од пластиката во новите автомобили ќе треба да дојде од рециклирање, а од тоа најмалку 25% мора да се рециклираат од возила на крајот на животот.

Опсегот на овие мерки постепено ќе се проширува на нови категории како што се мотоцикли, камиони и автобуси, со што ќе се обезбеди посеопфатна покриеност.

За предлогот на Комисијата треба да одлучат Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK