Што кажува автомобилот за мажот кој е зад неговиот волан?

ОБЈАВЕНО НА:

Анализите направени за автомобилите со кои управуваат мажите велат дека возилата покажуваат многу за лицата кои се зад управувачот. Истражувањата кои биле направени откриле дека луѓето во дури 48 проценти од случаите новиот автомобил го бираат според бојата, а повеќе од една третина од нив се подготвени дури и да платат само да ја добијат омилената боја.

Истражувачите велат дека Ferrari, Porsche и Jaguar возат „алфа мажите“. И додека во светот најмногу внимание, кога е во прашање дополнителната опрема, купувачите посветуваат на сигурносните системи, на Балканот врвот е уште во клима уредите и CD-player.

Возачите на BMW во светот ги следи глас дека се хедонисти, додека на Балканот во овој автомобил главно се возат менаџерите и директорите, кои во последните години почесто се гледаат и во Skoda Octavia или Skoda Superb, веројатно поради советите да не бодат многу во очи.

Стручњаците по психологија велат дека зад воланот на Audi главно се наоѓаат харизматични мажи кои лесно ги кршат срцата на дамите.

Психолозите тврдат и понатаму дека изборото на автомобил во целост го открива машкиот карактер. Скапоцените автомобили главно ги купуваат добро ситуирани луѓе, кои сакаат да ја покажат својата моќ. На тој начин им порачуваат дека се успешни и дека се лидери.

Mercedes главно скаат луѓе кои се смирени, кои уживаат и во луксуз, но и во безбедно опкружување. Главно тоа се средовечни луѓе, кои знаат точно што сакаат и кои го ценат квалитетот и проверените вредности.

Jaguar го сакаат оние мажи кои знаат да уживаат во убавината. Истите се подготвени да го купат дури и на кредит. Според анкетите секој четврти возач на Jaguar е во долгови.

За Volvo тврдат дека го возат луѓе кои се малку тешки, со лош карактер, пресметани ликови кои сакаат да имаат и имиџ на семејни луѓе. Тие го сакаат својот автомобил како член на домаќинството и затоа секој дефект им паѓа многу тешко.

Возачите на Porsche според стручњаците се физички хиперактивни, а нивниот автомобил доста наликува на нив. Тој е згоден и секси!

На истражувањата и анкетите на оваа тема им нема крај. Така Citroen возат уметници, Saba психијатри, Opel и Ford луѓе кои се практични и нематливи. Возилата на Volkswagen, пак, ги возат лиза кои не можат да бидат генерализирани. Тие имаат поинакви навики, поглед на свет, желби, па дури и стручњаците се збунети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK