Што „гледа“ Tеslа, кога самиот управува со возилото (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Досега неколкупати можеше да се види како бета-верзијата на автопилотот на Tеslа ce справува добро, дури и во сообраќај за време на мрак.

Овој пат ќе може да се види нов клип, на кој еден од моделите на Маск се движи сосема сам, но заедно со него може да се видат и монтирани кадри од тоа како системот „ги гледа“ другите учесници во сообраќајот.

Видеото е забрзано и е со траење од нешто над две минути, но, сепак, покажува доста интересни кадри за тоа како возилото ги препознава или не, различните автомобили, пешаци, знаци и светлечки сигнали.

Како што е познато, системот сè уште е достапен само за одредени клиенти на американскиот бренд, поради тоа што е во режим на развој.

Ова исто така објаснува зошто единствната слика на автомобил е таа на Tеslа, a другите автомобили се едноставно прикажани како обоени кутии. Во долниот дел на екранот може да се забележи и брзината, ограниченото, брината, капацитетот на батеријата, како и позицијата на воланот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK