Штедење на гориво: Два ефективни, но и опасни методи

ОБЈАВЕНО НА:

Цената на бензинот постојано варира, а независно од тоа каква е цената најголемиот дел од возачите (главно под притисок на финансиите) се стремат кон тоа возилото да им троши колку може помалку.

Многупати е пишувано за начините за безбедна заштеда на горивото, а основата е во оптимално ниските вртежи на моторот, предвидувањето на ситуациите и пореткото притискање (по можност) на сопирачките.

Во продолжение ќе можете да прочитате за две ситуации во кои исто така можете да направите економија со горивото и тоа при движење на возилото, но тие се опасни (особено во зимските месеци) и не се препорачани за секојдневна употреба.

Притисок во гумите

Овој метод на возачите на моторни превозни средства им е познат одамна и покрај тоа што не е препорачан е широко употребуван. Станува збор за пренапумпани гуми. При овој метод контактната површина на гумата со асфалтот се намалува, прилепувањето со површината е многу послабо, а оттаму се намалува и потрошувачката на горивото.

Оваа способност крие и опасности, а главно се однесува на должината на кочењето и управувањето. Второстепени негативни реакции од пренапумпаноста на гумите е неспособноста на гумите да ги апсорбираат вибрациите од нерамнините на патот, а оттаму доста почесто страда и суспензијата.

Splipstream

Овој термин е добро познат кај вљубениците во Формула 1, но тој уште поефективно може да се користи и на патот. Станува збор за позиционирање на автомобилот зад голем камион. Тогаш автомобилот се наоѓа на некој начин во воздушна дупка, каде отпорот на воздухот е значително помал, а со тоа се намалува и потрошувачката на горивото.

За да дојдете до оптимални резултати треба да се движите зад камионот (на растојание од 4-5 метри) кое крие многу опасности. Немате доволна прегледност пред вас и при нагло запирање од страна на камионот времето за реакција е кратко. Покрај тоа немате можност да ги видите дупките навреме и кога ќе видите веќе е доцна за реакција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK