Шталата која сите ја посакуваат – ова е причината за тоа (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Во напуштена штала може да најдете само измет и сено, но ако имате малку повеќе среќа и Audi Quattro.

Засега неименувано лице во штала пронашол еден примерок од овој модел произведен во далечната 1985 година.

Приказната за овој автомобил датира уште од 1993 година кога тогашниот сопственик го оставил во складиштето (кое подоцна станува штала) со цел да го заштити. Истиот овој автомобил претходно бил тјуниран, а со 2,2 литарскиот петцилиндрен мотор има поминато околу 286 илјади километри.

Очекувано, состојбата на овој автомобил е далеку од сјајна, а потребна е целосна реставрација.

Овој автомобил наскоро ќе се најде на аукција од страна на агенцијата Classic Car Auctions, а се очекува да постигне вредност од над 80 илјади фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK