Проверката на полицијата во Франкфурт, насочена кон возачите на скапи автомобили од марките Porsche, BMW и Mercedes, покажа крајно интересни резултати – секој петти, што бил контролиран и возел такво возило добива социјална помош!
Во текот на кампањата за откривање и прекинување на шемите за „празнење“ на социјалните фондови, полицијата во Франкфурт провери со какви автомобили одат невработените кои одат за бараат социјална помош. Во еден ден биле проверени 20 возила и нивните возачи. Резултатите од тоа биле – тројца мажи и една жена пристигнале во центарот за социјална помош управувајќи Porsche Panamera, Mercedes E220, Mercedes B180 и BMW X5.
Допрва ќе се разјаснува дали тие се сопственици на автомобилите или едноставно само ги користат. Но полицијата ги истражува под сомнение за мамење на социјалните фондови, како веќе е јасно дека меѓу овие осомничени нема поврзаност и станува збор за самостојни случаи.
Според правилата во Германија, примателите на социјална помош треба да возат автомобили со “разумна цена”. Според социјалните служби дефинирани е дека во оваа дефиниција влегуваат автомобили со цена до 7500 евра. Исклучоците се дозволени само во поединечни случаи.
Портпаролот на полицијата во Франкфурт изјави дека оваа акција за истрага на евентуални измами со социјална помош е првата, но сигурно нема да е последната и следењето преку автомобилите кои ги возат осомничените е ефективна.
Среќа што кај нас нема некое слично истражување.