Шефот на Stellantis распали: Еуро 7 стандардот е „бескорисен“

ОБЈАВЕНО НА:

Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis, повторно не ги штедеше своите критики за воведувањето на построгите стандарди поврзани со Еуро 7. Се очекува новите мерки да стапат на сила од јули 2025 година, а многу краткиот период за нивна имплементација претставува многу тешки одлуки на производителите на автомобили кои треба да се справат со развојот и хомологацијата на нови погони.

Ова најмногу ги погодува малите модели, кои стануваат екстремно скапи за развој, што влијае и на нивната крајна цена.

За време на разговори на тркалезната маса, Карлос Таварес го изрази своето мислење за новиот стандард Еуро 7, кој го опиша како „бескорисен“, цитираат од Autonews Europe.

„Тоа не е корисно, скапо е, не е од корист за клиентите, не е од корист за животната средина“, рече Таварес. „Делот на емисиите на моторите со внатрешно согорување е нешто што едноставно нема смисла.

Тој изјави дека Stellantis ќе го намали бројот на имплементации на стандардот Еуро 7 на минимум, а истовремено ќе се фокусира на електрификацијата. Таварес претходно го критикуваше стандардот Еуро 7 како губење време и пари, бидејќи ќе бара од производителите на автомобили да инвестираат во каталитички конвертори и филтри за честички, како и во електроника за намалување на емисиите на моделите на мотори со внатрешно согорување, што Европската унија има намера да ги забрани во секој случај од 2035 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK