Сезоната на патувања почнува: Пробиотикот и што треба да знаете за него

ОБЈАВЕНО НА:

Пробиотиците се живи микроорганизми кои во стомакот го спречуваат множењето на бактериите опасни по здравјето и со тоа придонесуваат за општа добросостојба на корисникот. Позитивното влијание и бенифитите се познати со векови наназад, кога човекот почнал да подготвува ферментирани производи, па и старите Римјани препорачувале консумација на сирење. Добри бактерии природно се присутни во телото и секојдневно се внесуваат преку исхраната. Но поради современиот стил на живеење и стресот на кој човекот е изложен, како и консумација на брзата и пржена храна, ова често не е доволно и пробиотиците се препорачуваат и како додаток на исхраната.

Пробиотикот овозможува да се зачува цревната флора, која е особено важна за човековото  здравје. Всушност најновите истражувања покажуваат дека во човекот има 10 пати повеќе бактерии отколку што има сопствени клетки, со што бактериите формираат посебен орган задолжен за општата здравствена состојба на човекот. Овој посебен орган се нарекува микробиом и го сочинуваат сите бактерии и микроорганизми во човекото тело, околу 40 милијарди бактериски клетки. Одржувањето на рамнотежата во микробиомот е клучно за одржување на здравјето на секој човек.

Познато е дека пробиотикот го зголемува бројот на здравите бактерии во цревата, а со тоа:
– помага при акутна дијареја предизвикана од вируси или бактерии
– помага за дијареја при патувања
– се користи два до три часа по употреба на антибиотик
– ја регулира PH вредноста во желудникот,
– помага за смирување на нервозни црева и за регулирање на столицата,
– помага во варењето на храната,
– го зајакнува имунитетот.

Практично пробиотикот го спречува множењето на патогените бактерии во цревата и ја подобруваат колонизацијата на цревата со корисните пробиотски бактерии.

Најчесто во една капсула пробиотик има повеќе соеви на добри бактерии, а во некои случаи таа комбинација е дополнета и со пребиотик. На пример под брендот Флонивин на фармацевтската компанија Галеника, има четири различни производи на пробиотик кој во зависност од составот може да се користи за деца или возрасни, а и составот е прилагоден според намената на производот. Односно, во производите се среќаваат Saccharomyces boulardii, Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium lactis, Bifidobacterium bifidum, Lactobacillus rhamnosus, и Bifidobacterium longum. Овие соеви поседуваат GRAS  (Generally Recognized as Safe) ознака што значи „општо призната како безбедна“  и ја дава Управата за храна и лекови на Соединетите држави (FDA) на состојки или производи кои се безбедни.

Од околу 500 видови на бактерии кои ги има во цревата, избрани се само неколку добри бактерии кои придонесуваат за здрава цревна флора. Со тоа капсулата со бактериите е дополнување на пробиотиците кои регуларно се внесуваат и преку исхраната, и тоа преку  ферментираните производи, како зелката и киселите краставички, или млечните производи како што е и кефирот.

Производите кои може да ги најдете во нашите аптеки во составот имаат и пребиотик, кој во стомакот го помага развојот и множењето на добрите бактерии од пробиотикот. Тука, заедно со останатите добри бактерии се задолжени за синтеза на витамините и минералите, општиот имунитет, но влијаат и на психичката состојба и однесување на личноста. Ова е во согласност со девизата „храната е лек“, односно со здрава исхрана се дава поддршка на здравите бактерии, а со тоа и на сопственото здравје.

По речиси осум децении присуство на македонскиот пазар, фармацевтската компанија Галеника потрошувачите веќе ја препознаваат како една од домашните, во чии висококвалитетни производи имаат доверба и востановиле навика да ги користат. Компанијата инвестира во развој и проширување на производното портфолио, стремејќи се да одговори на очекувањата и современите потреби на потрошувачите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK