Секој десетти Британец повеќе се грижи за својот автомобил отколку за партнерот

ОБЈАВЕНО НА:

Едно истражување спроведено во Великa Британија открива (не)очекувани резултати. Истражувањето кое го спроведене Skoda UK на испитаници од Велика Британија дава одговори на прашања поврзани со односите помеѓу сопствениците и нивните автомобили.

Во истражувањето учествувале точно 2 илјади лица, а резултатите откриваат дека секој десетти од нив повеќе се грижи за својот автомобил отколку за својот брачен партнер.

Дополнително, еден на седум возачи одговориле дека повеќе го сакаат својот автомобил отколку чуствата што ги имаат кон своите родители и/или роднини.

Oд испитаниците пак, 32 отсто навеле дека на своите автомобили им даваат имиња. Дел од нив поради тоа што чуствуваат љубов кон некого, а дел поради тоа што сметаат дека името на моделот и не е баш најсоодветно.

Така најчести имиња кои се доделуваат на автомобилите се Бети, Фреди, Дејзи и Роузи. Има и такви што својот автомобил го крстиле по Елвис Присли, Харисон Форд и Бјонси.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK