МВР засилено контролира: Секој четврти санкциониран во Чаир возел без возачка

ОБЈАВЕНО НА:

Од вкупно 685 санкционирани возачи за брзо возење, дури 103 се движеле со брзина над 50 км.ч повеќе од дозволеното

Засилените контроли на Министерството за внатрешни работи откри 13 лица што управувале возило без возачка дозвола на територијата на Чари. Од вкупно 81 санкциониран возач, речиси секој четврти што бил без возачка.

Покрај возење без возачка меѓу изречените казни има и за управување под дејство на алкохол (6), три за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, две за возач почетник.

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 685 возачи.

Од нив, 103 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово – 118, а потоа на територија на СВР Скопје – 102, на територија на СВР Тетово – 92

Следете не и на:

24AUTO NETWORK