Секој четврти купувач во Германија бара електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Пазарот на електричните автомобили почнува да расте, а веќе секој четврти купувач на автомобили прашува за електрифицирано возило.Тоа е резултат од проучувањето на порталот Verivox. Ова исто така значи дека електричните автомобили се веќе „масовен пазар“.

Независно од тоа – засега преферираниот тип на погон во Германија е и ќе остана бензински мотор. Вкупно 14,6 проценти од сите учесници во проучувањето сметаат дека следниот автомобил треба да им биде чисто електричен, додека 7,7 проценти планираат да купат plug-in хибрид. Тие работат на кратки растојанија (околу 50 километри) само со електричен погон и кој исто така е субвенциониран со еко-бонус за купување од сојузната влада.

Повеќе од секој петти анкетиран би сакал автомобил со електричен погон. Со 37,9% бензиновите мотори остануваат прв избор на возачите. Дизел автомобилите заостануваат зад електричните автомобили со 12,2 проценти.

Расположението кај испитаниците, кои би сакале да купат автомобил во следните дванаесет месеци е уште појасно. До 25 проценти од нив сакаат да бидат со електричен погон, најмногу чисто електричен автомобил (16,2 проценти), поретко хибрид на полнење (8,8 проценти).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK