Секое трето продадено Porsche е Cayenne

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарниот производител на луксузни спортски автомобили Porsche објави дека продажбите на брендот во првата половина од 2021 година се зголемиле за 31 процент во споредба со истиот период минатата година и достигнале ниво од 153.656 примероци.

Основниот мотор за завидни перформанси на Porsche во првата половина од годината е СУВ моделот Cayenne, кој генерираше речиси една третина од вкупната реализација на брендот за периодот, при што компанијата објави 44.050 продажби (+12%).

Вториот најпродаван модел на легендата е исто така СУВ модел – Macan, со 43.618 примероци, што претставува зголемување од 27 проценти. Третата позиција во Porsche е за класиката – семејството 911, кое генерираше 20.611 продажби.

Еден чекор зад 911 е електричниот Taycan со 19.822 испораки, Panamera генерира 13.633, а 718 Boxster и 718 Cayman допринесуваат со уште 11.922 единици. Porsche запишува пораст во продажбите на сите поголеми пазари, вклучувајќи ја Европа (+25%, до 40.435 единици), САД (+50%, до 36.326) и Кина (+23%, до 48.654 единици).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK