Во време на СФРЈ фабриката за автомобили во Крагуевац произведуваше возила кои беа гордост на државата. Покрај популарното „фиќо“ а подоцна и „југо“, еден од најпознатите автомобили беше моделот “101„ или како што нагалено го викаа – „стојадин“.
И секако, тој освен што добро се продаваше фабриката го рекламираше, па имало дури и видео реклами за истиот. Оваа реклама е стара 50-тина години, бидејќи е снимена во 70-тите години од минатиот век.
Ниту знегот ниту лошото време не можат нишпто да му направат. Едноставно се движи како со скии по снежните патишта. И секако, е многу популарен.
Како и во секоја реклама, мора да има убава девојка. Па едноставно, уживајте во рекламата од минатиот век з акоја вашите родители и дедовци и баби сигурно се сеќаваат.