Седум најголеми скандали во автомобилската индустрија

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија е повеќе од турбулентна. Во минатото, но и денес сме сведоци на бројни скандалозни настани. Апсења, лажирања, копирања се само дел од скандалите поврзани со една од најголемите индустриски гранки.

Но дали знаете кои се најголемите скандали во оваа индустрија?

Во продолжение ви ги претставуваме седумте најголеми скандали во автомобилската индустрија, избор направен од страна на популарниот медиум Блумберг.

VOLKSWAGEN

Дефнитивно еден од најголемите скандали во автомобилската индустрија е оној во кој главната улога ја има најголемиот германски производител. Во 2015 година VW призна дека ширум светот испорачале околу 11 милиони дизелски автомобили со вграден софтвер кој овозможува да препознае кога автомобилот се тестира во лабораториски услови.

Благодарение на овој софтвер, возилата од Volkswagen Групацијата се прикажувале како “еколошки”, а по бројните обвиненија покренати во бројни земји трошоците на име казни надминаа над 32 милијарди евра.

DAIMLER

Еден доста не толку познат скандал. Германскиот производител минатата деценија со цел да добие бројни поволности и нелојална конкурентска предност исплатиле мито во неколку држави во Африка. Вината во целост е признаена, а поради тоа овој производител постигна спогодба со надлежните обвинително-истражни органи. Овој производител исто така е под истрага на американските и германските власти поради испуштањето на штетни честички од моторите на некои модели.

FIAT CHRYSLER

На почетокот на оваа година Fiat Chrysler Automobiles (FCA) се согласи да плати околу 800 милиони долари на американските обвинителства, регулаторните оргни од Калифорнија и потрошувачите поради тужбата да користиле уреди за погрешно покажување на емисијата на штетни гасови кај 100 илјади возила.

Со оглед на тоа што овој скандал сеуште нема разврска истиот се очекува во наредниот период да се прошири со што FCA ќе биде изложена на дополнителни трошоци.

Image result for FIAT CHRYSLER

MITSUBISHI MOTORS

Овој јапонски производител во 2016 година беше поврзан со скандал поврзан со економичноста на горивото. Поради лажните прикажувања, од компанијата биле сменети два директори, се намали заработката, а се оштети и репутацијата на компанијата. Истрагата докажа дека овој производител користеле компјутерски калкулации наместо да обавува теренски истражувања и тествои поврзани со потрошувачката на новите модели произведени помеѓу 2006 и 2016 година.

NISSAN

Во 2017 година Nissan утврди дека работниците кои не биле овластени да издаваат потврди за јапонските возила, одобрувале завршна инспекција како дел од последниот чекор пред излезот на автомобилите од производствените капацитети. Во фабриката во јапонскиот град Точиги било откриено дека оваа пракса најверојатно траела уште од 1979 година. Деталната интерна истрага открила дека вработените фалсификувале и некои податоци поврзани со испитувањето, но производителот на автомобилите тврди дека тоа не го надминува податокот за потрошувачката објавен од страна на Nissan.

SUBARU

Овој производител беше фатен како лажира податоци поврзани со испитувањето на економиноста на потрошувачката на горива, емисијата на штетни гасови како и максималната брзина и влага во автомобилите. За ова производителот спроведе темелна интерна истрага, а со помош на независна ревизорска куќа откриени се и други дополнителни нерегуларности. За ова тогашниот генерален директор Јошинага беше повлечен од својата позиција.

Image result for SUBARU

SUZUKI, YAMAHA, MAZDA

Последен од презентираните скандали е оној во кој се вклучени Suzuki Motor Corp., Mazda Motor Corp. и Yamaha Motor Co. Овие јапонски производители во минтата, 2018 година беа фатени како лажирале податоци околу потрошувачката порди што јапонските власти спроведоа одвоени истраги.

Suzuki и претходно беше осуден за користење на погрешни методи за испитување на потрошувачката.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK