Седум автомобили што без проблеми минале над милион километри

ОБЈАВЕНО НА:

Во денешно време често постои изреката дека новите производи се прават со цел да служат само извесно време, а потоа да треба да си купите нов, апдејтиран и секако поскап производ. Некои сметаат дека истото важи и за автомобилите. Ама постојат многу докази дека долговечноста на производ, па и автомобил зависи од многу фактори, меѓу другото и од тоа како се одржува и колку се експлоатира над нормалното и препорачаното.

Кога станува збор за автомобили, сигурно сте слушнале приказни, вистинити или измислени, за тоа како некој минал стотици илјади километри без проблеми, некои тоа го кажуваат во половина милион. Секако има и такви што минале и над милион километри. Тие навистина се реткост, ама покажуваат за квалитетот и издржливоста на производот.

Ова се седум автомобили што минале над милион километри. Интересно е дека повеќе се азиски брендови.


Volvo P1800 (1966) – изминал повеќе од 5 милиони километри.
Ова е приказна на професорот Ирв Гордон од Лонг Исланд (САД) кој го купил возилото во 1966 година, и со него патувал повеќе од 160.000 км. годишно. Дури и откако се пензионирал патувал низ државите во Северна Америка.
Последните податоци за Гинис се 5.149.900 км. од мај 2013 година. Секако автомобилот морал да го смени моторот пред да мине 3 милиони км.

Mercedes-Benz 240D (1976) – повеќе од 4,5 милиоки
Примерок на овој германски автомобил минал 4.586.630 км. во периодот меѓу 1981 и 2004 година. Неговиот сопственик бил грчки таксист.
Кога Mercedes-Benz дознал за возилото во 2004 година, го откупиле од сопственикот и сега е дел од постојаната поставка на музејот во Штутгарт. Грчкиот таксист добил нов автомобил C Class 200 CDI.

Lexus LS 400 (1996) – повеќе од 1,6 милиони
Моделот е опремен со V8 мотор со 260 КС покажувајќи дека јапонските возила се извонредни во однос на доверливоста. Мет Фара, новинар од Лос Анџелес го купил возилото во 2014 година за малку пари, и продолжил да го користи.
Бидјеќи не го користел многу почнал да го изнајмува и секој што сакал да патува со него низ САД можел да го вози. Се разбира секогаш возилото ги минувало прегледите и сопственикот го одржувал во форма за следните клиенти.

Nissan Frontier (2007) – повеќе од 1,6 милиони
Познат како Navara во Шпанија, овој модел на Nissan Frontier исто така минал 1,6 милиони километри, што е еднакво на 40 кругови околу земјата. Брајан Марфи, сопственикот го користел возилото 13 години.
Тврди дека моторот и менувачот никогаш не биле менувани, и дека кумплунгот минал 1,3 милиони километри. Тајната е добро одржување. Фабриката го откупила моделот, а Брајан добил нов модел на Frontier.


Toyota Tundra (2007) – повеќе од 1,6 милиони
Toyota секогаш има тенденција да биде на врвот на индексите на сигурност, така што моделот од јапонскиот производител не може да недостасува од оваа листа. Овој пример на пикап Tundra од 2007 поминал повеќе од 200.000 километри годишно. Виктор Шепард од Луизијана ги направил патувајќи на работа во соседните земји.
Моделот беше една од првите од таа генерација што ја напушти фабриката на Toyota во Сан Антонио, Тексас, и може да се пофали дека го задржа оригиналниот мотор, менувачот, па дури и бојата.
Откако го откри моделот, јапонскиот бренд му понуди на Шепард нова Tundra. Очигледно, Шепард не ја одбил замената и сега ја вози својата 16 -та Тoyota!

Hyundai Elantra (2013) – повеќе од 1,6 милиони
Корејските производители исто важат за производители на сигурни автомобили. Оваa Hyundai Elantra е на Фара Хајнс, курир од Канзас, и за само пет години надмина милион милји (1,6 милиони километри). Да, тоа значи дека годишно патувал 200.000 милји (скоро 322.000 километри).
Изненаден од ова достигнување, северноамериканската филијала на Hyundai ја проверила историјата на одржување на возилото. По потврдувањето на регистрацијата, компанијата и даде на Фара специјална налепница „1М“ (еден милион милји) за километражата, бидејќи максималната вредност на уредот е ограничена на 999.999 милји. Но, тоа не беше се, бидејќи и даде и нова Elantra.


Toyota Prius (2007) – повеќе од 1 милион километри
Моделот бил такси во Виена повеќе од шест години за да стигне до милион километри. Сопственикот сака да стигне до 2 милиони километри со истото возило.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK