Seat лансираше Leon со мотор на метан

ОБЈАВЕНО НА:

Во официјално ПР соопштение, шпанскиот производител Seat објави дека лансираше Leon со мотор на метан. Новате верзија на Leon ќе користи 1.5 литарски турбо бензински мотор кој ќе биде во можност да користи и метан.

Оваа верзија ја носи ознаката TGI Evo и според техничките податоци располага со 130 КС и 200 Nm, а доаѓа со 6 степен мануелен и 7 стемен автоматски менувач со двојно квачило. Максималната брзина ќе изнесува 205 км/ч.

Покрај главниот бензински резервоар, оваа верзија според информациите од Шпанија ќе располага и со три резервоари за метан па така на метан овој автомобил ќе може да помине и до 500 км.

Засега нема информации околу малопродажната цена на овој модел, но на пазарите во Европа ќе се најде веќе на почетокот на следниот месец.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK