Се зголемува семејството: Dacia го претстави Logan MCV Stepway

ОБЈАВЕНО НА:

Популарноста на Stepway во семејството на Dacia, придонесе компанијата да размисли за понуда и на нови модели. Logan MCV Stepway е четвртиот член во понудата по Sandero Stepway, Lodgy Stepway и Dokker Stepway.

Како и другите модели и овој има препознатливи стилски елементи од заштитна пластика и метал, а покрај робусниот изглед има и зголемен клиренс за 50 мм. во однос на нормалната караванска верзија на Logan. Слично како и караванската верзија на Logan сега и Stepway се фали со багажен простор од 573 литри.

Дополнително Dacia во овој модел има вградено и LED дневни светла. Во однос на внатрешноста нема ништо менувано во однос на стандардниот Logan MCV откако му беше направено освежување, со исклучок на тапацирањето што е по примерот на Sandero Stepway.

На почетокот ќе биде достапен со еден безнински и дизелски агрегат, и двата со сила од 90 КС, во комбинација со 5-степен мануелен менувач. Logan MCV ќе биде понуден во Laureate ниво на опременост што вклучува и стелитска навигација, клима, заден паркин сензор, DAB радио и помош на движење по нагорници, кожни седишта, камера за движење назад и пакет за местење на седиштата по висина.

Новиот модел ќе биде уште еден адут за фабриката која во 2016 година продала 584.219 возила со знакот на Dacia во 44 земји, и имала зголемување од 6 отсто.
Промоцијата на повеќе детали за новиот MCV Stepway ќе има на саемот во Женева на почетокот на март.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK