Се појавија во Франкфурт, но… Mercedes-Benz се повлече од неколку саеми

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот производител од Германија, Mercedes-Benz објави дека следната година нема да учествува на канадскиот меѓународен саем во Торонто, а нема да биде ниту на автомобилскиот саем во Монтреал.

Редица на производители вклучувајќи го Mercedes-Benz, го ограничуваат бројот на големите саеми на кои присуствуваат секоја година. На пример во 2018 година компанијата од Германија не учествуваше на саемите во Ванкувер, Калгари, Едмонтон и Квебек.

„Понекогаш компаниите носат такви решенија. Nissan се откажа од учество пред неколку години, а исто тка и Volvo кој подоцна се врати. Porsche откажа учеството, па му требаа неколку години за да се врати. Се разбира сите претпочитаме Mercedes-Benz да присуствува, но секоја компанија одлучува сама за себе си“, вели извршниот директор на саемот во Торонто, Џејсон Кембел.

На почетокот на оваа година кон Mercedes-Benz се приклучија компании како BMW, Porsche, Audi и Mazda, кои го пропуштија саемот во Детроит, веројатно најзначајното автомобилско шоу во годината на северноамериканскиот пазар.

Mercedes-Benz не посочи зошто ќе ги пропушти двата саеми во Канада, но во последно време причините за вакви слични стапки стануваат сè појасни. Корисниците сè повеќе го користат интернетот, па производителите почнуваат да осознваат дека можат да достигнат до поголемиот аудиториум во дигиталниот свет отколку за време на саемите, а на тој начин штедат и пари.

Покрај тоа, новите автомобили стануваат и повеќе технолошки, што е поврзано со електрификацијата, модерните инфозабавни системи и автономни тенологии, а компаниите ги избираат претходните настани како на примерCES.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK