Се појавија првите (не)официјални рендери од новиот Hyundai i10

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на јануари на интернет се појавија првите фотографии од маскираниот Hyundai i10. По само неколку недели на интернет AutoExpress ги објави првите (не)официјални рендери од изгледот на новата генерација од најмалиот автомобил во понудата на Hyundai.

Третата генерација на i10 во продажба доаѓа оваа година, а од рендерите може да се види дека нема многу голема драстична измена на екстериерот. Нови LED светла, ентериер, инфотејнмeнт, бампери и за малку поголема просторност е она што се очекува кај новата генерација, а што може да се утврди од наведените рендери. Секако, тука се и новите бои како и мотори со кои ќе се зголеми понудата на овој мал автомобил.

Како дел од понудата на јужнокорејскиот производител, овој мал градски автомобил се појавува во 2007 година. Оваа прва генерација на пазарот беше актуелна се до 2013 година кога е лансирана втората, актуелна и во моментов генерација.

Hyundai i10

Овој автомобил е особено важен за Hyundai на европскиот пазар особено во Италија, Франција и Шпанија каде малите градски автомобили се многу популарни и сочинуваат најголем дел од годишната продажба на нови автомобили. Оттука се очекува премиерата да биде токму на европско тло и тоа во Женева, а цените доста поконкурентни во однос на европските конкуренти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK