Се појавија фотографии од сè уште маскираниот Mercedes AMG GT Coupe

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes објави сет фотографии на уште замаскираниот нов АМG модел, кој треба да се појави на пазарот под името GT. Станува збор за купе лимузина со четири врати, а истата треба да биде шрикажана и на саемот за автомобили во Женева на почетокот на март.

Целосното име на новиот модел е Mercedes AMG GT Coupe, а станува збор за спортска лимузина. Од информациите кои досега се појавија во јавноста, AMG GT ќе има погон на сите тркала, како и Speedshift MCT менувач, а моторот би требало да биде од 4.0 литри би турбо V8 бензинец. Ќе има неколку верзии, а најсилната би требало да нуди околу 600 коњски сили.

Се зборува и дека Mercedes AMG GT Coupe подоцна ќе биде понуден и во хибридна верзија која би можела да има околу 800 коњски сили, а воедно би требала да биде и штедлива.

Во внатрешноста ќе се најде потполно дигитална инструментална плоча, ќе можат да се сместат четири лица.

Деталните информации ќе бидат познати за време на саемот во Женева.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK