Пред само некоја недела се појавија првите информации за првиот целосно електричен модел на Toyota, моделот BZ.
Сега на интернет се појави и првиот неофицијален рендер за овој модел чија премиера би требало да се случи кон крајот на овој месец, најдоцна на почетокот на следниот.
Од претходно е познато дека истиот се темели на e-TNGA платформата. Оттаму и рендерот кој потсетува на новата генерација на Toyota RAV4, особено во задниот дел.
Овој модел чија кратенка всушност означува Beyond Zero, ценовно ќе се позиционира нешто над RAV4, а во поглед на димензиите треба да биде идентичен.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]