Најголемиот производител на автомобили во Јужна Кореја го стопираше производството во оваа земја по објавувањето на штрајк на работничкиот синдикат.
По шест часовниот предупредувачки штрајк, од петокот вработените во Hyundai не ги исполнуваат своите вообичаени дневни активности, а причина за тоа се несогласувањата околу висината на платите. Медиумите во Кореја пренесуваат дека работничкиот синдикат планира по 12 часовен дневен штрајк поради неисполнување на претходно ветеното зголемување и до 30% на бонусите како и зголемувањето на основната плата.
Синдикатот упати предупредување до раководството според кое доколку веднаш не бидат исполнети нивните барања, штрајкот ќе се радикалзира со што во целост ќе биде прекинато производството во фабриките ширум Јужна Кореја.
За сега нема информација дали штрајковите ќе се прошират и во другите фабрики на Hyundai во Кина и Индонезија.