Се бара ограничување на брзината на германските автопати

ОБЈАВЕНО НА:

Шефот на Volkswagen, Матијас Милер, побара воведувањето на ограничување на брзината на германските автопати. Во интервју за весникот Handelsblatt тој и неговиот колега од Советот за одржлив развој на компанијата, Георг Кел изразиле мислење дека местата на автопатиштата, каде што секој може да вози според можностите на автомобилот, треба да бидат отстранети.

Двајцата менаџери имаат само несогласувања во однос на роковите во кои треба да се воведат рестрикции насекаде. Милер верува дека ова нема да се случи наскоро, додека Кел предлага поцврсти дејства во оваа насока што е можно поскоро.

“Тоа е чувствителна тема. Уште не сме ја разгледувале на консултативен совет, но сум убеден дека ситуацијата ќе се промени за неколку години. Да не се залажуваме – на повеќето автопати постојат ограничувања и во моментов”, вели Кел.

Позицијата на шефовите на VW на наметнување на поприсутни ограничувања на брзината не е првото подигнување на ова прашањето. Пред неколку години започна дискусија на истата тема во германското општество. Во март 2011 година германски суд прогласи возачот што возел со над 200 км/ч. во делот без ограничување, за виновен за несреќата, иако не е формално причинител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK