За само шест дена – Во Србија казнети 25.000 возачи за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

За тоа како се вози на Балканот покажуваат податоците од Србија. Припадниците на Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за сообраќајна полиција, за време на операцијата за контрола на брзината спроведена минатата недела (од 12 до 18 август) во рамките на ТИСПОЛ, откриле во Србија околу 25.000 прекршувања на брзина. Од нив околу 20.000 возачи биле санкционирани на лице место, додека околу 5.000 возила биле снимале без запирање.

Сопствениците, односно корисниците на возилото, кои биле снимени без да бидат запрени од полицијата, ќе добијат повик во наредните денови да им достават целосни информации на лицата на кои им го дале возилото за возење, како и изјава кое потврдува кое лице во моментот на извршувањето на прекршокот го управувало возилото.

Сообраќајната полиција во Грција, Бугарија и Србија најави дека во овј период (од 12 до 18 авгсут) ќе ги користат сите расположливи средства и уреди за мерење на брзината, рачни радари и системи за видео надзор и уреди за мерење на брзината инсталирани во возилата наречени „пресретнувачи“. На автопатиштата се мереше и брзината, како и просечната брзина меѓу наплатните рампи.

Контролата на брзината беше спреоведена и ноќе. Полицијата ги контролира сите оние што се сопрени и проверува и дали користат ремени и дали возат под дејство на алкохол.

За време на оваа акција во Србија, полициските службеници напишале 2.500 прекршочни налози за некористење на безбедносниот ремен, 400 прекршочни налози за неправилна употреба на телефон за време на возењето, а радарските патроли исклучиле 350 возачи поради возење под дејство на алкохол. Голем број на возачи биле исклучени од сообраќајот затоа што биле во состојба на целосна интоксикација, односно во телото имале повеќе од два проценти алкохол.

Најголема количина алкохол била измерена кај граѓанин во Лозница, кој управувал автомобил со 4,14 проценти алкохол во телото. Во сообраќајна незгода во Мионица, возачот на тракторот управувал нерегистриран трактор, без да има возачка дозвола за која било категорија за моторни возила, и тоа во состојба на целосна интоксикација од 3,32 промилен алкохол во телото.
Судот за прекршоци на возачот на тракторот му е изречена казна затвор од 45 дена и парична казна од 256.000 динари.

Македонија не е членка на оваа огранизација, ТИСПОЛ, исто како и Србија, но нашиот северен сосед реши да се приклучи на акцијата. Во ова организација членуваат од 28 земји од Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK