Сакате да купите автомобил – како и колку бојата влијае при изборот?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува автомобил, нов или половен, еден од битните фактори при изборот е секако бојата. Понекогаш ќе се согласиме за опремата, ама за бојата се води „голема дебата“. Важно е како изгледа однадвор возилото, подеднакво колку што е важно и што има под хаубата и каква е опременоста.

Компанијата за течни и премази во прав, Аxаltа, објави студија на популарноста на боите на автомобилите кај потрошувачите во 2021 година. Во анализата учествувале повеќе од 4.000 лица на возраст од 25 до 60 години од Кина, Германија, Мексико и САД.

Според студијата во 88% од случаите бојата била клучен фактор за донесување на одлука за купување. Но, како влијае бојата на секој пазар односно земја.

Кина

Дури 99% oд анкетираните велат дека бојата на новиот автомобил е многу важна за нив. Најпопуларните бои во оваа земја се белата (29%) и црната (26%). Околу 64% од анкетираните наведуваат дека доколку ја немаат посакуваната боја, би размислиле за автомобили од друг проиводител.

Вкупно 93% од анкетираните од оваа група избираат боја сами и само 7% сметаат на совети и помош однадвор.

Германија

Зa 83% oд aнкeтирaнитe бојата е важен фактор при купувањето на автомобилот. Бројката вели дека 63% од анкетираните самите избираат боја, а 37% се консултираат со членови на семејството. Црната боја ја претпочиаат 32%, додека на второто место е сината со 16 проценти.
Сопствениците на автомобили од Германија веруваат дека црната боја е симбол на елеганција, а синото е симбол за стабилност. Малку над една четвртина од учесниците во проучувањето на овој паар (27%) поседуваат компактни црни автомобили.

Мексико

Во Мексико бојата на автомобилот е важна за 90 проценти од анкетираните. Најпопуларната боја е црвената, а ја претпочитаат 22 проценти од испитаниците. Четворица од десет наведуваат дека доколку немаат соодветна боја, ќе размислат да купат автомобил од друг бренд. Според истражувањето, 64% од испитаниците возад седани. Студијата исто така утврди дека испитаниците од Мексико ја поврзуваат црвената боја со елеганција, додека сината предизвикува позитивни емоции.

САД

Бојата на автомобилот е важна за 79 проценти од испитанците. Дека самите ја бираат бојата се изјасниле 82% додека 53% велат дека семејството има повеќе од еден автомобил. Тука црната боја се смета за најпопуларна, но сопственциите на големите автомобили избриаат посветли бои: сина (втора во касификацијата) и црвена (трета). За американските учесници во студијата сината боја предизвикува позитивни емоции додека црвената боја го олицетворува духот на авантурата.

Студијата исто така ја анализира преференцијата кон типот на облогот и присуството на ефективните честички. Сјајните облоги се омилени кај сите проучени паари, со исклучок на Кина. Во Кина, сепак, преференциите беа поделени речиси подеднакво (48% за боја со сјај и 52% за мат).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK