Сакате авантура? Овие патишта морате да ги извозите барем еднаш во животот

ОБЈАВЕНО НА:

MagicalEarth објави листа на највозбудливи патишта за возење со автомобил. Вистинските авантуристи може да одберат барем една од десетте дестинации за возење. Секоја од нив има некоја посебност, волшебност и адреналин. За жал, пандемијата на корнавирусот која владее со светот и рестрикциите за патувања се причината зошто оваа година не може слободно да се ужива во сите нив. Но затоа, изборот на една-две е и тоа како можен. Предусловот е следен: возило, пари за гориво и добро друштво.

Листата започнува со т.н. романтична улица во Германија. Се работи за улички во должина од 350 километри кои спојуваат бројни градови во кои доминираат замоци и богата архитектура. Поради тесните улички се препорачува да се патува со некое помало возило.

Гросглокнер Хохалпентрасе во Австрија е вистинско место за љубителите на планината. Овој премин на австриските алпи располага со бројни одморалишта од каде може да се набљудува алпската природа, а тука се и бројните угосителски објекти.

Азурниот брег односно јужната француска ривиера е со право на оваа листа. Ница, Марсеј, Монако, Тулон, Сан Тропе… Има бројни локации кои може да ги посетите патувајќи со вашиот автомобил на југот на Франција, покрај синото Средоземно море.

Les Corniches on the French Riviera - A Scenic Road Trip in the South of France – Go Guides

Доколку не сакате сонце тогаш тука е Атлантскиот пат во Норвешка. Со вкупна должина од 8.274 км оваа рута поминува низ најголемите природни убавини на Норвешка. Оваа рута е исполнета со бројни мостови и тунели кои се и последно достигнување на сообраќајната архитектура.

File:Atlanterhavsvegen 3.jpg

Рута де лос пуеблос бланко или во превод рута на белите градови, е доста атрактивна рута која се наоѓа во Андалузија, Шпанија. Именувана е така поради архитектурата на градовите во која доминираат белите фасади. Во летниот период ќе мора да се навикнете на повисоките температури.

Уште една алпска рута – рутата на големите Алпи. Се работи за рута со должина од 720 км која ја спојува француската ривиера со Женева. Пролет и лето е идеален период за патување по оваа рута.

La Route des Grandes Alpes

На оваа листа место има за уште една рута во Норвешка. Тролстиген или патека на троловите, оваа рута ги поврзува градовите Андалзнес и Валдал. Поминува низ планински предели, а бројните реки и водопади ќе ве остават без зборови.

Годишно, низ оваа рута поминуваат над 150 илјади возила.

Не само во Европа, Трансфагарашан е една од најпопуларните и најпознати рути во светот. Со должина од 151 километар оваа рута која поминува низ срцето на Романија е позната и како рутата на Дракула. Изобилува со виадукти, тунели, а посебен впечаток оставаат ледничките езера и замоците.

Прстенот на Кери е уште една рута коај со право се најде на оваа листа. Со должина од 179 километри оваа кружна рута поминува низ националниот парк Киларни, во Ирска.

Ring of Kerry - Bed and Breakfast and Self Catering Accommodation Mallow & Doneraile - Park South Accommodation

Субјективно најдобрата е онаа брегот на Амалфи именувана како Амалфитана. Поминува низ повеќе помали села и градови, низ зелени појаси и покрај Тиренското море. Целиот овој регион е под строга заштита на УНЕСКО и спаѓа во групата на т.н. Светско богатство. Пролет и лето се идеални периоди од годината за посета, а доколку сакате се да биде во знакот на Италија тогаш истото препорачуваме да го направите со Fiat 500.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK