Саемот во Женева се враќа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

По двегодишна пауза саемот за автомобили повторно се враќа на сцената во Женева. Минатата година овој саем беше одложен буквално пред самиот почеток, откако владата во Швајцарија донесе забрана за групирање на повеќе од илјада лица на едно место.

Поради пандемијата, но и уште построгите рестрикции саемот за автомобили не се одржа оваа година, а организаторите објавија дека истиот ќе се одржи следната година.

Познат е и датумот на одржување. Саемот стартува на 19 февруари 2022 година и ќе трае се до 27-ми истиот месец. Прес деновите се закажани за 17 и 18 февруари. Со ова се прави и отстапка од досегашната пракса да заемот започнува првите денови од март.

Сите заинтересирани производители имаат рок до средината на јули да се пријават за овој начин за кој организаторите наведуваат дека ќе биде со значително изменет концепт од досегашните изданија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK