Саемот во Женева повторно откажан – следниот треба да биде во 2023

ОБЈАВЕНО НА:

Ситуацијата во ковид пандемијата повторно прави проблеми во Европа и светот, па организаторите наинтернационалниот саем на автомобили во Женева донесоа непопуларна мерка – го откажаа саемот планиран за 2022 година. Следниот саем е планиран за 2023 година кога се очекува и подобра здравствена ситуација во светот.

На почетокот на септември се одржа саемот во Минхен, како замена за Франкфурт, но истиот беше поразличен од се досега што се органиизраше и повеќе со отворени настани. За разлика од тоа, овој во Женева е на затворено во саемски хали, па затоа и одлуката е веројатно логична.

„Работевме исклучително сериозно и се потрудивме максимално да го активираме повторно Саемот во Женева за 202, коментираше Маурис Туретини, претседател на Комитетот на меѓународниот салон за автомобили. “И покрај нашите напори, мора да се соочиме со фактите и реалноста: ситуацијата со пандемијата не е под контрола и како таква претставува сериозна закана за големи настани во затворен простор, како што е Женева. Сигурен сум дека Меѓународниот салон во Женева ќе се врати посилен од кога било во 2023 година “.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK