Пандемијата на коронавирусот полека, но сигурно се стабилизира и покрај негативните прогнози поврзани со т.н. делта сој. Последните бројки на заболени ги охрабрија организаторите на саемот на автомобили во Париз да го закажат следното издание.
Организиторите, како што пишува Autocar, веќе го најавија датумот на одржување, а тоа е од 17 до 23 октомври следната година. Ова издание ќе се организира во соработка со EquipAuto. Paris Expo останува местото каде ќе се одржи овој саем под целосниот назив Paris Automotive Week.
Кои производители односно брендови ќе настапат на овој саем засега е рано да се каже, а организаторите не соопштуваат дали ќе има измена и на традиционалниот концепт.
Последното издание на овој саем кој редовно се одржува секоја парна година беше во 2018 година. Минатогодишниот беше одложен токму поради пандемијата на коронавирусот.