Саемите за автомобили се враќаат во САД

ОБЈАВЕНО НА:

По повеќе од една година конечно на територијата на САД ќе се одржи саем за автомобили. Станува збор за саемот за автомобили кој на 14 април започнува во Атланта. Овој саем е првиот по февруари минатата година кога во Чикаго се одржа, досега последниот саем во САД.

Организаторот наведе дека за присуство задолжителна е маска. Влезницата изнесува 12 американски долари, а за деца од 6 до 12 години, двојно помалку. Саемот ќе трае се до 18 април, а главна ѕвезда ќе биде новиот Jeep Grand Wagoneer кој ќе ја има саемската премиера во Северна Америка.

На овој саем присутни ќе бидат американските производители, а покрај неколку модели на Jeep, ќе бидат претставени и Dodge Durango SRT Hellcat и Ram 1500 TRX.

За посетување, преходно организаторот на саемот во Лос Анџелес го одложи овогодинешниот за ноември годинава, иако првично беше закажан за во мај.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK