Сѐ за кеш: Apple ја купува Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Технолошкиот гигант Apple има повеќе од 250 милијарди кеш пари, и сака истите да ги вложи, а меѓу потенцијалните компании за купување се наоѓа и Tesla. На можниот список за превземање се уште и Netflix и Wald Disney.

Дури 90 отсто од капиталот на Apple е надвор од САД, а според новиот предлог на претседателот Доналд Трамп, компаниите можат да го донесат профитот од надвор во САД со плаќање на 10 отсто данок, наместо досегашните 35 отсто. Според ова, дури 220 милијарди долари може Apple да донесе во САД.

Иако се најавува веројатно тешко ќе биде купувањето на Tesla, која во моментов вреди 51 милијарда на пазарот. И пред неколку години имаше слични разговори за превземање но пропаднаа. Шефот на Tesla, Елон Муск смета дека неговата компанија за деценија може да ја надмине сегашната вредност на Apple која изнесува 750 милијарди долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK