Русите направија електромобил на три тркала

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерската компанија „Електротранспортни технологии“ го претстави прототипот на електромобил на три тркала кој со едно полнење на акумулаторот ќе може да помине вкупно 100 километри.
Планот е оваа машина да се користи од службите за опслужување на парковите и за местата за одмор, како и од оператори за изнајмување на автомобили.

За овој автомобил се користени само руски делови. Машината е со двосед и може да развие брзина од 100 км/ч. Полнењето на акумулаторот од битовата електромрежа е за 1,5 до 2 часа. Првите 12 примероци, меѓу кои има и товарна варијанта, компанијата има намера да ги пушти на пробно користење уште во текот на следниот месец.

Оние што ќе сакаат да управуваат вакво возило ќе мораат да поседуваат возачка дозвола со категориите B и B1. Новото електро возило може да се користи во текот на целата година при секакви услови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK