Русија е под санкции – ама во Германија се увезуваат Lada Niva возила

ОБЈАВЕНО НА:

Русија е под силни снакции и многу интернационални компании заминаа од земјата, а автомобилските компании ги затвораат фабриките или ги продаваат на локални фирми. Но, и покрај санкциите сепак се чини дека постојат канали како да се стигне до она што се бара.

На руската социјална мрежа ВКонтакте беа споделени фотографии на кои се гледаат паркирани сосема нови теренци Lada Niva Legend. Според авторот на фотографиите, тие се направени во дворот на германската компанија, чиј магацин се наоѓа во Минхен. Токму оваа компанија е позната по тоа што увезува слични машини од Русија и ги продава во Германија.

Од АвтоВАЗ велат дека официјално не испорачале нови автомобили во Европа, што укажува на тоа дека увезените автомобили најверојатно илегално ја напуштиле Русија преку сè уште нејасна шема. Цените на популарниот руски теренец започнуваат од 15.000 евра и можат да достигнат и до 21.000 евра колку што е цената на рускиот пазар.

АвтоВАЗ престана да извезува нови автомобили во Европа во 2019 година, а набргу потоа завршија и останатите автомобили на залиха, со што беше прекинато официјалното присуство на марката во Европа. Сепак, Niva останува еден од најпопуларните евтини теренци и во Германија и Австрија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK