Rolls-Royce не планира да се натпреварува на полето на автономните возила, а со тоа воопшто не планира ниту да ги воведат овие системи во своите модели.
Причината за ваквата одлука на британскиот производител е тоа што сите нивни купувачи имаат сопствени возачи поради што не им е потребно автопилот. Со ова Rolls-Royce ја потенцира луксузноста на својот бренд и посветеноста на целната група која е составена од купувачи со високи приходи.
Ова го потврди директорот на компанијата Торстен Милер кој потенцираше дека Rolls-Royce припаѓа на класа на луѓе кои имаат личен возач. “Важно е да се разбере дека не речиси сите, туку сите наши купувачи имаат лични возачи” изјави Милер.
Со ова британскиот производител не го следи чекорот на повеќето автомобилски производители како што се Tesla, Volvo, Audi, BMW кои веќе претходно се решија да ја воведат оваа технологија во дел од своите автомобили.