Rimac и Seat работат заедно на Cupra e-Racer (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во март годинава Seat го претстави своето ново возило Cupra, а под овој бренд се планира на пазарот да се пласираат исклучиво спортски автомобили. Овие денови првиот модел CUPRA e-Racer на електричниот тркачки болид е виден на тест стазата во Мичевац во Загреб, а веќе има потврда и од Rimac Automobili дека е остварено технолошко партнерство со Seat и дека помогнале во развојот на болидот.

Целта на тест возењата била да се провери интеграцијата на батерискиот состав во овој автомобил и да е направи подесување на погонскиот состав, за да може веќе следната година CUPRA e-Racer да настапи на E TCR (touring car) трките.

Од Rimac Automobili истакнуваат дека станува збор за 100% електричен тркачки автомобил и дека соработката на овој проект со Seat потврдува дека компанијата има вистинска „тркачки ДНК“.

Моторот на e-Racera може да произведе најмногу 680 коњски сили, да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди, додека најголемата брзина изнесува 270 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK