Резервна гума… Што ако ја нема?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу од возачите ја прифаќаат резервната гума како здраво за готово и не мислат дека е важно редовно да се проверува. Без разлика дали резервната грума е во добра состојба зависи од тоа дали при несреќен случај на пат брзо ќе се заврши со овој мал проблем или ќе мора да се минат часови.

Во минатото резервните гуми беа потполно идентични како со другите. Денес повеќето производители на автомобили ги снабдуваат со резервни гуми кои се различни по форма и по големина од нормалните. Тие резервни гуми се само за специјални случаи и се ограничени за употреба од некои услови како брзина и дистанца.

Кога се зборува за резервни гуми, важно е да се знае:

Вообичаено при возење со резерна гума има ограничување за максималната брзина од 80 км/ч. Возењето со резервна гума може да биде на штета на динамичките квалитети на автомобилот особено при голема брзина.

Исто така се можни ограничувања осносно максимална дистанца, која можете да ја поминете со резервна гума.

Станува сè попопуларно производителите воопшто да не ги снабдуаат автомобилите со резервна гума, туку да предлагаат алтернативни решенија за мобилност како што се летни гуми или гуми со вградени гарнитури. Секогаш бидете информирани за тоа со што е снабден вашиот автомобил за да бидете подготвени секаков итен случај.

Резервните гуми се користат само во итни случаи, додека возилото не го посети специјализираниот сервис. Не сметајте трајно на резерната гума. Во случај на пукната гума најдобро е да ја поправите или да ја замените веднаш.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK