Електричните возила се иднината, но засега најголем проблем е полнењето на батерии и колку може да издржат со едно полнење. Брзото полнење се уште не е доволно за да го замени едноставното ставање на гориво во резервоарот што трае некоја минута. Но, по сѐ изгледа веќе е најдено решение и за тој проблем.
Компанијата Flash Battery на саемот techfair во Берлин претстави нов вид на батерии. Според известувањето од компанијата, таа се состои од повеќе слоеви на нано материјали и органски компоненти. Исфрлен е графитот, бидејќи тој го успорува полнењето.
Батеријата се состои од 40 модули, а овозможува автономија од 480 км. најважно е што полнењето трае само пет минути. Наводно батеријата е возавршна фаза, а кога истата технологија ќе биде применета во пракса сѐ уште не е познато.