Ретката Lancia Rally 037 оди на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Во Палацо Сербелони во Милано е прикажан редок примерок од моделот Lancia Rally 037 кој на 15 јуни годинава ќе се најде на аукција организирана од страна на RM Sotheby’s.

Станува збор за првиот прототип произведен од страна на Abarth со шасија број SE037-001. Токму тоа, но и популарноста која ја постигна со одличните постигнувања на светските рели шампионати го прави овој модел еден од најбараните автомобили на Lancia од страна на колекционерите.

Дизајнер на автомобилот е Пинифарина, а развиен и произведен е во 1980 година. Должината на овој автомобил изнесува 3.915 мм, ширината 1.850 мм, висината 1.245 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.445 мм.

front of Lancia 037 Prototype

Располага со 2,0 литарски бензински мотор кој продуцира 205 КС, а одличните брзински перформанси се благодарение и на тежината од 970 кг.

Почетната цена не е позната, но сигурно ќе биде со шест цифри.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK