Продажбата на нови возила во Франција во октомври годинава забележа пад од 9,5% во споредба со истиот период минатата година, продавајќи се 171.049 возила.
Она што е интересно е битката за врвот каде Renault конечно успеа да го симне Peugeot од врвот на октомвриската листа на продажба.
Така за 31 ден во октомври Renault од својот бренд успеа да продаде 34.667 нови возила за разлика од Peugeot кој испорача 33.775 возила. И двата брендови остварија зголемува на продажбата, но Renault за нијанса повеќе што е доволно за симнување на “Лавчето” од врвот на листата.
Сепак на корпорациско ниво, PSA Групацијата има остварено пораст на продажбата од 32,89% односно 62.158 нови возила што е речиси за 15 илјади повеќе од Renault.