Renault смета на 2,2 милијарди долари годишен приход со рециклирање на стари автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Француската компанија го објави основањето на The Future Is NEUTRAL (Иднината е НЕУТРАЛНА), нова подружница која целосно ќе се фокусира на рециклирање возила.

Од компанијата велата дека модерните возила се состојат од 85 отсто делови што може да се рециклираат. Згора на тоа, 11 милиони автомобили го завршуваат својот живот секоја година во Европа. Тоа е златен рудник на материјали што во моментов не се користи соодветно, според брендот.

„Во автомобилскиот сектор, првиот недоволно искористен ресурс е самиот автомобил“, рече Жан-Филип Башо, извршен директор на The Future Is NEUTRAL. „Овој нов ентитет има за цел да ја поттикне автомобилската индустрија кон неутралност на ресурсите, извлекувајќи од секое возило најголема можна количина на материјал потребен за производство на нов модел“.

За таа цел, новата компанија има за цел да ја задржи вредноста на деловите и материјалите и „да и овозможи на индустријата да постигне многу повисока стапка на рециклирани автомобилски материјали“. Исто така, има за цел да биде европски лидер во рециклирање на батерии во затворен круг.

Со тоа, Renault се надева дека The Future Is NEUTRAL ќе биде атрактивен снабдувач на батерии кој ќе може да потпише договори за снабдување со други производители. Преку овој бизнис, неговата цел е да достигне обрт на деловното портфолио од 2,3 милијарди евра и оперативна маржа од повеќе од 10 проценти до 2030 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK