Renault полека, но сигурно започнува со повлекувањето на дизелите од Западна Европа, пренесуваат француските медиуми повикувајќи се на извори од компанијата.
Се построгите еколошки норми изгласани во Европскиот парламент и најавите за уште построги се причината поради која Renault ќе мора понудата наскоро да ја темели на модели со бензински и други алтернативни горива.
Прв модел кој ќе остане без дизелскиот 1,5 литарски dCi ќе биде моделот Kadjar кој до крајот на годината ќе биде повлечен од повеќето западни земји. Следни на листата се Captur и Clio, а најдолго со овој мотор ќе остане моделот Megane.
Засега не е позната иднината на турбо дизелскиот мотор со 150 КС.