Renault соопшти дека планира да укине 400 работни места од вкупно 3.200 во својата фабрика во Словенија.
Во соопштението се наведува дека во фабриката Ревоз во близина на Ново Место, ќе биде укината третата смена со што се појавуваат вишок на работници. Оваа одлука Renault ја донесе како последица на значително намалената побарувачка на автомобили на европскиот пазар предизвикана од короавирусот.
Некои од словенечните медиуми пишуваат дека ова е блеф на францускиот производител преку кој ќе се обидат да издејствуваат финансиска помош од словенечката влада.
Францускиот производител во оваа фабрика ги произведува моделите Clio и Twingo како и електричниот ForFour за Smart.