Rеnаult нема да развива нови дизелски мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Rеnаult го скрати развојот на новите дизел мотори. Французите веќе нема да инвестираат во создавањето на следната генерација на мотори. Оваа информација ја пренесуваат од Automotive News, а се повикуваат на изјава на раководителот на автомобилскиот производител, Лука де Мео.

Rеnаult ќе продолжи да ги надградува сегашните моќни агрегати, за да одговори на новиот стандард за емисии Eврo 7, кој може да стапи на сила во 2025 година. И покрај тоа Французите, ќе се фокусираат главно на развојот на хибридни и целосно електрични погони.

Французите се приклучуваат на групата на производители кои исто така нема да ги развиваат класичните мотори со внатрешно согорување. Од порано се знаеше и дека Audi целосно запира со развојот на класичите бензински и дизелски мотори од следната генерација. Германците, слично на Rеnаult, ќе продолжат да ги усовршуваат моторите за да одговараат на стандардот Евро-7, но ќе се откажат од создавањето на традиционално енергетските агрегати од следната генерација.

Аudi очекува целосно да се откаже од моторите со внатрешно согорување до 2035 година во корист на целосно електричните превозни средства. Во следните 10-15 години повеќе автомобилски компании планираат да се одалечат од автомобилите со традиционалните бензинови и дизел мотори.

На пример, после 2025 година, Jаguаr ќе премине целосно кон електричните мотори, а пет години подоцна Vоlvо ќе го следи примерот. Покрај тоа Fоrd подготвува глобална електрификација на моделната линија, која до 2030 година ќе ги изостави автомобилите со бензинови и дизел мотори во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK